Еден млад Саудиец, кој неодамна се оженил најверојатно го држи рекордот за најкраток брак во светот.
Всушност, тој барал развод после пет минути откако го изговорил судбоносното „да“, жалејќи се на високата цена која требало да ја плати на таткото на невестата.
Дваесетгодишниот младоженец, на кого не му се знае името, инсистирал да го поништи бракот само неколку минути откако се потпишал во книгата на венчаните.
„Пет минути после церемонијата, младоженецот побара развод. Неговиот татко се обидуваше да го разубеди, но тој беше употен во одлуката да се разведе“, пренесуваат странските медиуми.