Низ целиот свет, луѓето секојдневно раскажуваат за блиски средби, необични појави, летала, за вонземјани.
Прочитајте ги топ 10-те средби од ваков вид кои се случиле во 2012 година.
Mutual UFO Network неодамна објави 10 случаи од 2012 година кои ви ги пренесуваме:
Случаj 36.293, 18. февруари, Вирџинија
Татко и син, двајцата пилоти, летале со авион од Шарлот за Ричмонд кога забележале светлечки објект како лебди покрај нивниот авион. Кога непознатиот објект му се приближил на десното крило на авионот, моторот на авионот привремено престанал да работи. Целата компјутерска опрема откажала. Неколку секунди подоцна, сè се вратило во нормала, а летачкиот објект се оддалечил со неверојатна брзина.
Случај 36.756, 25. март, Тексас
Двајца полицајци, додека биле на должност, забележале триаголен објект на небото. Ноќта била без месечина и јасно виделе необичен објект од „вонземно потекло” кој се движел бавно над нив.
Случај 41.298, средина на јуни, Калифорнија
Човек се возел по автопат кога на небото забележал бела светлина. Продолжил да ја набљудува појавата. Рекол дека објектот изгледал како чинија.
Случај 41.289, 13. јули, Висконсин
Мајка и ќерка кои биле во автомобилот пред куќата, виделе необична појава над кровот од гаражата која се протегала од оџакот до стебло оддалечено околу 75 метри. Жената се колнела дека појавата не била од овој свет.
Случај 41.918, 14. јули, Тексас
Двајца сведоци виделе црн летачки објект во облик на петоаголник како лебди пред нив додека се возеле по автопат. На секој крак имал по едно светло кое пулсирало, а во средината на леталото светлото било поинтензивно. Кога се нашле под објектот, не се слушал никаков звук. Истото летало видено е на истото место и шест месеци подоцна.
Случаите 37.562, 37.585 и 36.704, од 17. до 19 април, Тексас
На три различни места во Тексас, тројца сведоци виделе ист триаголен, тивок и светлечки објект со интензивно светло во средината.
Случај 38.312, 19. мај, Џорџија
Семејство набљудувало девет светлечки објекти на небото, округли и големи колку полна месечина. Се движеле над дрвата во близината на нивната куќа. Одеднаш го забрзале движењето и потребно им била само секунда-две за целосно да исчезнат од видикот.
Случај 41.616, 18 јули, југоисточно од Чикаго
Педесетгодишен маж на небото забележал необична појава која се приближувала и која изгледала како да зрачи топлина и како да впива светлина. Ја опишал како бранови во вода кои се создаваат кога некој ќе фрли каменче.
Случај 43.607, 23. октомври, Џорџија
Две жени и нивните две деца виделе тивок, црн објект кој лебдел над нивните куќи на висина од неколку стотини метри. Ова траело околу 30 минути.
Случај 44.556, 13. декември, во близина на Даблин
Сведок и негов сопатник виделе летало налик на чинија како му се приближува на камионот во кој се возеле по автопат. Непознатиот објект полека му се приближувал на камионот, кратко лебдел над него и потоа исчезнал. Објектот бил со пречник околу 30 метри и на него имало многу светла.