Луѓе се собираат за да видат како тече лавата од Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот, кој почна да еруптира оваа недела за прв пат од 1984 година.
Бидејќи Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите соопшти дека нема знаци дека лавата ќе ги загрози населените области, десетици луѓе, вклучително и семејства со деца, се собираат во близина на вулканот.
Тие со столици и вреќи за кампување се сместуваат за да го набљудуваат чудото на природата неколку часа. Локалните уметници дури се појавуваат за да ја фотографираат ерупцијата.
Протоците на лава од Мауна Лоа почнуваат да се забавуваат и да се шират, соопштија властите, и остануваат оддалечени повеќе од пет километри од блискиот автопат.
Нема наредба за евакуација
Опсерваторијата за хавајски вулкани на Американскиот геолошки институт во својот најнов билтен Мауна Лоа објави дека главниот тек на лавата се движи со брзина од 40 метри на час.
Мауна Лоа се издига на 4.169 метри над Тихиот Океан и е дел од синџирот на вулкани кои ги формирале островите на Хаваи. Последен пат еруптираше во март и април 1984 година, испраќајќи лава на пет милји од Хило, најголемиот град на островот.