Најголем пад од почетокот на инвазијата: Успешниот украински упад во Курск ја намали популарноста на Путин

Од:

Успешната украинска офанзива на Курск, која започна на 6 август, негативно се одрази на популарноста на рускиот претседател Владимир Путин, покажуваат резултатите од последното истражување на јавното мислење.

Истражувањето на Vtsiom, руски центар за истражување на јавното мислење близок до Кремљ, покажува дека популарноста на Путин одеднаш паднала што се совшаѓа со упадот на Украина на руска територија, што е првпат од Втората светска војна војската странска војска да влезе во Русија.

Резултатите покажуваат дека популарноста на Путин е намалена за 3,3 процентни поени во последните две недели, но сепак е на високи 73,6 проценти. Ова е и најголем пад на популарноста на рускиот претседател од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, објави британски „Телеграф“.

Тоа е, исто така, најголемиот пад на популарноста на Путин од септември 2022 година, кога тој прогласи делумна мобилизација наспроти недостигот на војници на фронтот, како и по неуспешниот пуч на платениците од Вагнер. Други извештаи веќе укажуваат на пад на популарноста на Кремљ по нападот во Курск.

Анализата на руските мејнстрим и социјалните медиуми од американска ФилтерЛабс пред осум дена покажа дека додека руската пропаганда останува цврсто про-Путин, податоците од регионот Курск покажаа „вистинска фрустрација на граѓаните од руската влада“, бидејќи луѓето веруваа дека рускиот лидер „ има дел од вината“ за ситуацијата во која се нашле.

Директните напади врз Владимир Путин се релативно ретки во Русија, каде што фрустрациите на обичните луѓе обично се насочени кон функционери од понизок ранг. Питер Померанцев, автор на книги за пропагандата на Кремљ, рече дека инвазијата на Курск ја разнишала руската доверба.

„Додека државните медиуми во Русија ја пренасочуваат вината за успехот на Украина од драгиот лидер, на социјалните мрежи и внатре во Курск чувството кон Путин се намалува“, рече тој.

Марк Галеоти, почесен професор на Колеџот во Лондон, рече дека користењето на социјалните медиуми за мерење на јавната поддршка за Путин има свои ограничувања, но извештајот на FilterLabs е многу корисен.

„Со оглед на ограничувањата на конвенционалното истражување на јавното мислење во авторитарен режим, ова е веројатно подеднакво добар индекс на јавното расположение како и сите други“, рече тој.

Аналитичарите, исто така, се прашуваат дали може да се верува на официјално високиот рејтинг на Путин, бидејќи многу Руси се чувствуваат под притисок да го поддржат.

Во март оваа година Путин победи на претседателските избори во Русија со рекордни 88,5 отсто од гласовите, иако независните набљудувачи на изборите ги опишаа изборите како измама.

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна