Најголем дневен пораст на новозаразени од Ковид-19 во Словачка

Од:

Словачка денеска пријави најголем дневен пораст на новозаразени лица со коронавирус од 22 април, додека пандемијата повторно е во подем во земјата. Словачка имаше најниска смртност од вирусот и избегна висок пораст на позитивни случаи како што имаа нејзините западни соседи од почетокот на пандемијата.

До сега нема информации дали Словачка повторно ќе воведе ограничувања. Највисокиот дневен пораст во Словачка беше забележан кон средината на април, односно 114 позитивни случаи на Ковид-19.

Словачка беше меѓу првите земји што воведе строги мерки за заштита од корнавирусот во март, што помогна да се задржи малиот број на позитивни случаи, но повеќето од мерките досега се намалени.

Во Словачка се регистрирани вкупно 1.851 случај, од кои 1.477 лица оздравеле, а починале 28 луѓе.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина