Најфрекфентниот европски аеродром-Хитроу, затвора една писта

Од:

Лондонскиот аеродром Хитроу најави дека поради намалениот број на летови во кризата со коронавирусот ќе затвори една од двете писти, одредувајќи го како приоритет превозот на медицински материјали.

-Целта е да се зајакне отпорноста и безбедноста на вработените, патниците и товарот на пандемијата на Ковид-19, изјави портпаролот на Хитроу.

Портпаролот додаде дека аеродромот ќе остане отворен дури и ако во светот има значително помал број летови.

Хитроу очекува 53 процентен раст на превозот на товар на неделно ниво откако за приоритет го одредија превозот на медицински материјали, пишува во писмото на службеник од Хитроу.

Од Хитроу тврдат дека аеродромот е најпрометен во светот, со повеќе од 80 милиони патници за 2019 година. Вкупниот број на авиони што полетале од Хитроу минатата година е 475.600.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он