Најбогатиот Украинец и сопственик на Азовстал: Ќе ја тужам Русија

Од:

Ринат Ахметов, најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик Азовстал, во Мариупол, вели дека планира да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, објавија локалните медиуми. Челичарницата на Ахметов е тешко оштетена. На Путин му порача дека е воен злосторник, а акциите на Русија во Украина ги нарече геноцид.

Ахметов, за разлика од другите украински бизнисмени, не ја напушти Украина на 23 февруари. За украинскиот портал mrlp.city вели дека не си заминал бидејќи тоа би било срамно и недозволиво. Тој најави и дека ќе ја тужи Русија.

„Ќе ја тужиме Русија и ќе бараме отштета за сите загуби“, изјави Ахметов.

Освен во фабриката за челик Азовстал, штета претрпе и железарницата Иљич, која е дел од неговиот холдинг СЦМ, откри Ахметов.

Индексот на милијардери на „Блумберг“ го проценува богатството на Ринат Ахметов на 6,93 милијарди долари. Поради руската инвазија на Украина, износот на неговото богатство е намален за 40 отсто.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков