Најавени демонстрации против Исламот во Прага

Од:

Во центарот на Прага вечерва се најавени антиисламски демонстрации во организација на Здружението ,,Не сакаме Ислам во Чешка”.

Организаторите, кои најавија учество на околу 4.000 лица, сакаат да им оддадат почит на жртвите од неодамнешниот терористички чин во Париз.

– Ќе ја запознаеме јавноста со нашите ставови за Исламот и неговото ширење во Европа, ќе потсетиме на ризикот за Чешка и ќе соопштиме законски и безбедности барања, кои кога ќе се усвојат ќе спречат исламизација на нашата земја, се вели во соопштението на Здружението.

Според Центарот на муслиманските заедници во Чешка (УМО), постапката на напаѓачите во Париз нема никаква врска со Исламот.

УМО го осуди нападот, го означи како срамен и им изрази длабоко сочуство на семејствата на жртвите.

Според членовите на Центарот, по случувањата во Париз, се зголемија заканите кои тие ги добиваат најчесто по електронска пошта.

На демонстрациите учество најавија и неколку политичари и тоа од поранешната владејачка десничарска Граѓанска демократска партија (ОДС) и партијата ,,Зора” на Томио Окамура, познат по неговите антиисламски и националистички изјави.

Антиисламски протест, на која присуствуваа до десетици илјади луѓе изминатите денови се одржа во Германија.

Илјадници луѓе протестира и против неподдржувачите на Исламот.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски