Во Тајпеј вечерва ќе се доделат наградите на Репортери без граници за слобода на медиумите во 2020 година, а во конкуренција се 12 новинари и медиуми од 12 земји.
Седум новинари, од кои четири се жени, и пет медиуми или новинарски организации се натпреваруваат во три категории – награда за Храброст, Влијание и Независност, а на листата се наоѓаат и новинари или истражувачки медиуми од Русија, Бразил, Филипини, Индија и Франција.
По Лондон во 2018 и Берлин во 2019 година, тајванскиот главен град Тајпеј е домаќин на годинешното доделување на наградите на Репортери без граници за слобода на медиумите, а церемонијата на доделувањето ќе се одржи во Националната библиотека во Тајпеј и може да се следи во живо на Фејсбук на кинески јазик и ЈуТјуб каналот на англиски јазик.