Нафтата поевтини и берзански индекси опаднаа поради загриженоста од победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД

Од:

Нафтата поевтини денеска на азиските берзи поради стравувањето на инвеститорите од првите резултати на изборите во САД, кои укажуваст нс предност на Доналд Трамп пред Хилари Клинтон.

Резултатите од голем број држави, со голем број членови на изборниот колегиум, како Калифорнија и Флорида, се уште не се познати.

Изутринава барел сурова нафта за испорака во декември поевтини за 1,67 долари и дојде до 43,31 долари на електронските берзи во Азија.

Нафтата марка Брент за испорака во јануари поевтини за 1,46 долари на 44,58 долари.

– Берзански флуктуации ќе се големи денеска, бидејќи пазарите изгледаат премногу нестабилни поради спротивставените сигнали од првите резултати на изборите”, рече берзански аналитичар, пренесува БТА.

Мексиканското песо поевтини за речиси 10 отсто во однос на доларот, утрово на берзите во Азија – од 19,86 на 18,34 пезоси за долар.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата