Нафтали Бенет ќе се обиде да формира влада со најголемите противници на Нетанјаху, премиерот го обвини за „измама на векот“

Од:

Лидерот на малата израелска партија на тврдокорните, Нафтали Бенет, синоќа изјави дека ќе се обиде да формира влада на единство со противниците на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

Бенет ја предводи партијата Јамина (Десно), а неговото синоќешно соопштение се смета за клучен исчекор кон завршување на владеењето на Нетанјаху, што траеше 12 години, наведуваат американските медиуми.

Бенет кажа дека ќе стори се што може за да формира влада со лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, од партијата на центарот Јеш Атид (Постои иднина).

Десничарот ова го најави по неколкунеделните шпекулации за тоа дали ќе се согласи на ваков чекор.

Во Израел за две години имаше четири парламентарни избори без јасен победник, а Бенет вечерва оцени дека земјата „ја изгубила способноста да функционира“ и дека раководството се обидело да ги прикрие неуспесите со омраза и поделби, пренесоа израелските медиуми. .

Бенет, исто така, кажа дека идејата за коалиција на само десни партии не е вистинската опција.

-Или петти избори или влада на единство. Нетанјаху добро го знае тоа, рече Бенет и додаде дека “одговорноста мора да се преземе во клучен момент”.

Евентуалната влада која Лапид сака да ја формира, исто така, ќе ги вклучува и центристичката партија Сино и бело, на Бени Ганц, актуечниот министер за одбрана, десничарската Нова надеж на поранешниот соработник на Нетанјаху, Гидеон Сар, националистичката партија Израел нашиот дом (Јизраел Беитену) на Авигдор Либерман и левоцентристичката и левичарската лабуристичка партија Мерец.

Меѓутоа, на новата влада ќе и треба поддршката и од приврзаниците на еврејските населби во окупираните територии и израелските арапски пратеници, што ќе ја загрози нејзината стабилност.

Нетанјаху најави дека ќе и се обрати на јавноста по говорот на Бенет пренесуван во живо на телевизија.

Рокот за формирање на владата е до среда на полноќ, а Бенет се очекува да биде премиер во првите две години, а потоа Лапид ќе го замени на таа позиција.

„Мојата намера е да направам се што можам за да формирам влада на национално единство со мојот пријател Јаир Лапид, така што заедно, по Божја волја, ќе можеме да ја спасиме земјата од вртлозите и да го вратиме Израел на вистинскиот пат, рече Бенет, поранешен соработник на Нетанјаху, кој ја споделува неговата националистичка идеологија.

Израелскиот премиер Нетанјаху во одговорот на изјавата на Бенет синоќа го обвини неговиот поранешен соработник, а сега ривал, за изведување на измама на векот.

Нетанјаху уште еднаш го покани Бенет да и се приклучи на неговата потенцијална коалиција, објавија израелските медиуми.

Долгогодишниот израелски лидер рече дека неговата понуда до партијата на Бенет е „неверојатна“ со цел да се спречи формирање на „опасна левичарска влада“, но тој оцени дека Бенет „се грижи само за себе“.

Бенет беше критикуван и од лидерот на ултрадесничарската партија Религиозен ционизам, Бекалел Смотрих, кој кажа дека лидерот на партијата Jaмина ја води една од најголемите измами во политичката историја на Израел.

Тој процени дека Бенет дезертира кон левицата, со оние кои го поддржуваат тероризмот, објавија израелските медиуми.

Во меѓувреме, стотици демонстранти се собраа пред куќата на Ајалет Шакед, пратеник од партијата на Бенет, по најавата дека Јамина ќе влезе во таканаречената влада на промени против Нетанјаху.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваа „левичарски предавници“ и „нелевичарска влада“ и постери со ликот на Бенет со потписите „лажго“ и „Ајелет предавник“.

Истовремено, десетици лица се собраа на контра-протести со транспаренти на кои пишуваше: „Да за влада на промени“ и „владаа на единството – сега“, и „не за петти избори“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел