Градските власти во Рим денеска соопштија дека преземаат мерки за ставање крај на наездата на стаорци околу Колосеумот, откако туристите објавија фотографии од глодарите во близина на античкиот амфитеатар на социјалните мрежи.
Шефот на управата за управување со отпад, Сабрина Алфонси, изјави за новинската агенција „Аднкронос“ дека во петокот навечер и рано во саботата била започната „специјална интервенција“ за да се осигура дека луѓето можат безбедно да минуваат низ едно од најпосетуваните туристички места во Италија.
– Интервенцијата ќе продолжи и следната недела со чистење на зелените површини околу Колосеумот, одводите каде стаорците се вообичаена појава и поставување стапици, се вели во соопштението на градските власти.
Според соопштението, во градот има околу 7 милиони стаорци или 2,5 на секој жител.
Алфонси рече дека зголемувањето на бројот н
Рим со години се бори со зголемувањето на ѓубрето, кое често се фрла на улиците покрај преполните канти. Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар во Римската империја и се користел за борби со гладијатори, егзекуции и лов на животни.