Надеж во справувањето со Ковид-19: Имунолошката меморија сугерира крај на пандемијата

Од:

Преминот на корона вирусот од пандемија во ендемска фаза ќе почне да се забележува во земјите со високо ниво на вакцинација. Но, силниот бран со кој се соочува Кина повикува на претпазливост, јави дописникот на МИА.

Во Франција, најновата епидемиолошка точка од Јавното здравство Франција го истакна забавувањето на вирусот на национално ниво, но „бројот на нови хоспитализации остана висок“ во текот на неделата од 12 до 18 декември.

-Конкретно, зборуваме за „ендемично“ кога некоја заразна болест континуирано и трајно се населува во регион или држава. Болеста потоа може да влијае на повеќе или помалку значаен дел од населението, но повеќе не напредува. Во некои земји навистина можеме да сметаме дека Ковидот може да стане ендемичен. Случајот со Франција е сличен на оној на Германија. Интензитетот на епидемиските врвови има тенденција да се намалува за време на различни бранови, особено благодарение на меморијата на имунолошкиот систем, вели директорот на единицата за вируси и имунитет во Институтот Пастер, професор Оливие Шварц за париски „Либерасион“.

Професорот Шварц истакна дека во Кина, омикрон ќе продолжи да се развива.

-Мутациите можеби не се поврзани со зголемена отпорност на антитела, со оглед на нискиот имунитет на кинеската популација. Но, не знаеме во која насока би можел да еволуира вирусот, објаснува професорот Шварц.

Во Европа, според Ксавиер де Ламбалери член на новиот научен совет на Франција, епидемиолошката ситуација се менува благодарение на имунитетот на населението стекнат и со природни инфекции и со вакцинација.

-Едно од сценаријата што може да изгледа веројатно е тоа дека вирусот ќе продолжи да мутира, но со поретка фреквенција на појава на навистина различни варијанти – и поврзан со поголеми епидемии, појаснува тој.

Германскиот виролог Кристијан Дростен, сугерира дека Германија го доживува првиот ендемски бран на Сарс-Ков-2.

-Според мое мислење, пандемијата е завршена. Гледаме дека бројот на тешки случаи се повеќе се намалува. Мислам дека нема повторно да се вратиме назад, изјави Дростен за Тагесшпигел.

Тројцата експерти нагласуваат дека „бустер“ дозата против коронавирусот и заштитата остануваат најдобрата одбрана од Ковид.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска