Над илјада лица завеани на патиштата во Унгарија

Од:

Повеќе од илјада лица беа принудени ноќта да ја поминат во своите возила или во објеките покрај патиштата, откако силната снежна бура го блокираше главниот унгарски автопат М1 меѓу Будимпешта и Виена, додека властите беа принудени да откажат повеќе активности по повод одбележување на Денот на унгарската револуција против Хабсбуршката монархија во 1848 година.

Спасувачките служби соопштија дека силните ветрови со брзина од околу сто километри на час со снег ги завеале камионите на автопатот М1, поради што настанал голем застој.

Повеќе десетици други поважни патишта во Унгарија се блокирани, а без струја останаа околу сто илјади лица.

– Поради снежната бура затворени се автопатот М1 од Будимпешта до Виена и М7 од главниот град до Балатон, во возилата останаа заробени повеќе илјади лица, а екипите работат на извлекувањето на возилата, изјави денеска српскиот конзул Милан Вукосављевиќ.

Според информациите на Амбасадата на Србија во Унгарија, станува збор за колона од околу сто возила, а меѓу патниците има голем број Срби, кои се враќале од Виена.

Еден од патници изјавил дека се завеани веќе 13 часа и дека се уште никој од унгарските власти не им дошол на помош. Според него снегот паѓа со голем интензитет, а никој од патниците не може да излезе надвор, бидејќи е многу студено.

Би можело да ве интересира

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски