Над 80 џихадисти се убиени во американски воздушни напади врз два кампа за обука на групацијата Исламска држава, изјави американскиот министер за одбрана Ештон Картер.
Нападот за кој претходно денеска соопшти портпаролот на Пентагон Питер Кук, бил извршен од американски стратешки бомбардери Б-2.
– Меѓу убиените исламисти имало и такви, кои планирале напади во Европа или можеби се поврзани со напади на континетот, рече Картер.
Нападите се извршени на 45 километри југозападно од градот Сирт во соработка со Владата на национално единство, која е поддржана од Обединетите нации.
Министерството за одбрана на САД смета дека во нападите не биле убиени цивили.