Бројот на жртви во топлотниот бран што ја погоди пакистанската покраина Синд се зголеми на над 780, поради што премиерот на земјата побара од Националната служба за вонредни состојби да преземе итни мерки за да го зашитити населението.
Во борбата со екстремно високите температури учествува и војската која веќе постави посебни центри за прва помош од жештините.
Поголемиот дел од жртвите се постари лица од сиромашни семејства, од најголемиот град Карачи, во кој температурите во изминатите денови надминуваа 45 степени Целзиусови.
Според претставник на хуманитарната организација „Еди“, Анвар Казми, бројот на настрадани се приближува кон бројката од 800.