Околу 700 лица се уапсени за време на започнатите пред една недела антивладини протести и немири во централните провинции на Судан, објавија денеска властите во Картум.
Протестите против претседателот Омам Хасан ал Башир и намалувањето на државните субвенции за горивата продолжуваат, иако со помал интензитет.
Министерот за внатрешни работи Ибрахим Махмуд Хамад, на прес конференција објави дека 34 лица се загинати, додека судански активисти за човекови права и дипломати тврдат дека бројот на загинати е над 150 луѓе.
Според министерот полицијата не употребила воена муниција против демонстрантите, нагласувајќи дека демонстрантите нападнале над 40 бензински пумпи, 13 автобуси, голем број приватни возила и владини згради.