Поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиште и поплави во Шри Ланка, јави ДПА.
Властите побараа евакуација на над 650 илјади луѓе.
Врнежите не запираат шести ден по ред, а најпогоден дел е округот Батикалоа на 300 км. источно од Коломбо.
Од тој округ досега се евакуирани 450.000 луѓе. Невремето спречи во некои места во државата да се празнува Божиќ.