Над 60 лица загинаа во судири меѓу авганистанските власти и талибанците во Кандахар

Од:

Авганистанските сили за безбедност одбија напад на талибанците врз аеродромот во Кандахар, при што во судирите загинаа над 60 лица.

Судирите траеле над 24 часа и завршиле доцна синоќа, а според податоците на авганистанското Министерство за одбрана загинале 38 цивили, меѓу кои жени и деца, десет авганистански војници и двајца полицајци.

Сите 11 талибанците кои учествувале во нападот биле ликвидирани.

Нема жртви меѓу силите на меѓународната коалиција, распоредени во базата на ИСАФ, во регионот на аеродромот.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан