Над 590.000 имигранти пристигнале во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината

Од:

Од почетокот на годината во Европа преку Средоземното Море пристигнале 593.432 имигранти и бегалци, соопшти Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Најмногу имигранти и бегалци примила Грција – 453.912, а во Италија пристигнале 136.408.

Повеќето што пристигнале во Грција се Сиријци (277.899), Авганистанци (76.620) и Ирачани (21.552). Во Италија пристигнале најмногу Еритрејци (35.938), Нигеријци (17.886) и Сомалијци (10.050).

Според ИОМ, од 9 октомври бројот на имигранти и бегалци во Европа се зголемил за над 13.000 лица. 3.103 лица загинале во Средоземното Море оваа година во обид да стигнат до Европа.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто