Над 50.000 починати од Ковид-19 во Мексико, во Индија два милиони заразени

Од:

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Индија надмина два милиона, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа јужноазиската земја регистрираше 62.585 нови инфекции, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата е 2.027.074.

Вкупно 886 пациенти починале за 24 часа, а бројот на животи кои ги однесе болеста сега е 41.585.

Мексико регистрира 6.590 нови инфекции со коронавирус и 819 смртни случаи. Со тоа, бројот на заразени во државата е 462.690, а смртните случаи – 50.517, соопшти Министерството за здравство. Вирусот во Мексико се шири брзо, со висока смртност. Пред околу две недели, според Министерството за здравство, имало 40.000 смртни случаи.

Мексико е на третото место во светот по бројот на жртви од вирусот. Пред него се Бразил, кој се приближува до 100.000, и САД, каде што вирусот однесе речиси 160.000 животи.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија