Над 50.000 луѓе починале од Ковид-19 во американските старски домови

Од:

Бројот на смртни случаи од болеста Ковид-19 во домовите за стари и изнемоштени лица во САД изнесува 50.919, пишува „Волстрит џурнал“.

Според весникот, во домовите за стари лица во САД се регистрирани повеќе од 250.000 заразени со Ковид-19, како меѓу штитениците, така и меѓу персоналот.

Ако овие податоци се споредат со вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во САД, кој е околу 116.000, тоа значи дека повеќе од 40 проценти од жртвите од заразата се регистрирани во домови и центри за долготрајна нега на стари и изнемоштени лица, се наведува во текстот на весникот.

Медиумот тврди дека реалниот број на починати во центрите за долготрајна нега веројатно е поголем, бидејќи податоците би можеле да се добијат со задоцнување, а исто така постојат и разлики во размената на информациите меѓу одредени држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски