Околу педесет илјади луѓе, загрижени поради безбедноста, протестираа со барање Белгија веднаш да престане со експлоатацијата на две нуклеарни централи поради загриженоста за безбедноста, јави ДПА.
Околу 50 000 демонстранти од Германија, Белгија и Холандија, според податоците на организаторите, формираа човечка синџир околу местото каде што се среќаваат границите на трите земји.Учесниците на протестот се загрижени за безбедноста на резервоарите под притисок во нуклеарните реактори Тијанж2 и Доел 3 во Белгија.
Германија, која планира да ги згасне сите свои нуклеарни реактори до 2022 година, е загрижена поради нуклеарните капацитети надвор од својата земја.
Германскиот министер за заштита на животната средина Барбара Хендрикс ја повика Белгија минатата година да ги затвори двата реактори се додека не се разјаснат отворените прашања за безбедноста.