Над 37.000 лица заразени од зика вирусот во Колумбија, меѓу кои 6.300 бремени жени

Од:

Повеќе од 37.000 лица заразени од вирусот зика, меѓу кои се над 6.300 бремени жени, се потврдени во Колумбија, соопшти Националниот здравствен институт.

Јужноамериканската земја е на второ место во светот по овој показател, веднаш по Бразил.
До 13 февруари во Колумбија се регистрирани вкупно 37.011 случаи на заразени луѓе, а меѓу нив се 6.356 бремени жени.

Само во последната недела, која е опфатена со статистиката, биле регистрирани околу 5.500 нови случаи на зараза.

Властите во Колумбија оваа година очекуваат над 600.000 случаи заразени луѓе и околу 500 на микроцефалија. Во Бразил веќе се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи.

Светската здравствена организација предупреди дека вирусот е проширен во цела Америка, без Канада и Чиле.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска