Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турската армија убила над 30 курдски бунтовници во операции извршени ноќеска во северен Ирак каде има бази на ПКК.
– Ноќеска беше извршена прекугранична операција. Над 30 бунтовници беа убиени, изјави Ердоган за националната телевизија.
– Операциите во државата и вон границите нема да престанат. Ние нема да запреме, нагласи турскиот претседател.
Од средината на јули турските ВВС и артилерија нанесуваат удари врз целли на ПКК во северен Ирак. Според турските власти, уништени се над 70 отсто од инфраструктурата на бунтовниците.