Над 30 Авганистанци убиени при воздушен удар во Кундуз

Од:

Над 30 авганситански цивили, вкучително жени и деца се убиени, а 25 ранети при воздушен удар во северната авганистанска провинција Кундуз. 

Ударот бил извршен од страна на силите на НАТО рано утринава за време на борба со Талибанците, во која загинаа двајца американски војници и тројца членови на авганистанските специјални сили. 

Двата трагични настани илустрираа колку е нестабилна ситуцијата во авганистанската провинција, која Талибанците се обидоа да ја преземет минатиот месец. Тоа беше втор нивен обид за преземање на Кундуз оваа година. 

Претставник на полицијата на Кундуз изјави дека меѓу жртвите имало и тримесечно бебе. 

– Сите жртви спиеле, кога биле уништени нивните куќи од страна на силите на НАТО, објасни тој.

Во краткото соопштение на Твитер, мисијата на НАТО во Авганистан потврди за извршените удари во Кундуз и наведе дека тие биле со цел заштита на сојузничките сили, кои биле цел на напади.

По ударот во кој загинаа цивилите, во Кундуз имаше протести. 

Десетици роднини на убиените се собраа пред канцеларија на покраинскиот гувернер за да изразат незадоволство.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан