Над 3.000 кинески граѓани евакуирани од Виетнам заради антикинески протести

Од:

Над 3.000 кинески граѓани се евакуирани од Виетнам заради антикинеските протести во таа држава, соопшти кинеското МНР. Кинеските власти обезбедиле четири чартер-летови како и брод за да ги евакуираат своите сограѓани.

Министерството за транспорт за денеска најави испраќање на уште пет бродови за евакуација.

Антикинеските протести беа организирани во индустриски зони во Виетнам. Во нив учествуваа работници во кинески компании кои протестираа против засилените кинески претензии кон спорни делови во Јужнокинеското Море. Во почетокот на мај Пекинг инсталираше нафтена платформа и почна со работа во предел кој се смета дека е економска зона на Виетнам.

Во немирите досега загинаа двајца кинески граѓани и над 100 се повредени.

Би можело да ве интересира

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој

(ВИДЕО) Десетици жртви во пожар во зграда во Виетнам: дете фрлено од прозорец за да се спаси

Катерина Ѓуровски