Се стравува дека над 200 илегални мигранти се удавиле во водите на Средозменото Море, откако мал брод и чамец со кои патувале, потонале вчера во близина на бреговите на Либија, соопшти доцна синоќа портпаролката на хуманитарната организација Проактива, Лаура Лануза.
Според неа, спасувачките екипи пронашле безживотни тела само на петмина мигранти.
Лануза информира дека организацијата Проактива добила известување дека „еден оштетен чамец тоне, како и дека потонало уште едно бротче“.
– Имајќи ја предвид големината на бротчињата со кои често се шверцуваат луѓе од Либија, претпоставуваме дека веројатно во нив имало по над сто мигранти, изјави Лануза.
Според меѓународните организации, откако со договорот меѓу ЕУ и Турција беше запрен приливот на бегалци преку Егејското Море кон Грција, регистиран е зголем број на мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа преку централниот дел на Медитеранот, од либиските брегови до Италија.
Од почетокот на годинава во обид да стигнат до италијанскиот брег, животите ги загубија најмалку 559 мигранти. Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), лани во овој дел на Медитеранот се удавиле околку 5.000 илегални мигранти.