Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразиле вкупно 28.181.504 лица. Од нив починале 910.858 пациенти, а излекувани се 20.214.600 луѓе.
Осло – Норвешка засега ќе престане да ги ублажува мерките воведени поради коронавирусот и може да биде принудена повторно да воведе построги мерки по неодамнешното зголемување на бројот на новозаразени, изјави денеска премиерката Ерна Сулберг.
Барселона – Жителите на неколку населби на Палма де Мајорка, центарот на шпанскиот туристички архипелаг на Балеарските острови, ќе бидат изолирани од остатокот на градот поради наглото зголемување на новозаразени со коронавирусот.
Мадрид – Властите во Баскија соопштија дека затвораат основно училиште откако неколку наставници биле позитивни на коронавирусот.
Хелсинки – Финската премиерка Сана Марин ќе работи на далечна, бидејќи била изложена на ризик од заразување со новиот коронавирус, соопшти денеска финската Влада.
Прага – Чешка втор ден по ред регистрира над 1.000 случаи на коронавирус. Од почетокот на пандемијата до крајот на вчерашниот ден, регистрирани се вкупно 31.036 заразени, а само вчера имало 1.161 новозаразени.
Берлин – Потврдените случаи на коронавирус во Германија во изминатите 24 часа се зголемија за 1.892 на 255.366. Институтот Роберт Кох соопшти дека починати се вкупно 9.341 лице.
Софија – Во Бугарија има 122 новозаразени, со што вкупниот број се зголеми на 17.435. Во последното деноноќие се излекувани 177 пациенти, а починале 10.
Будимпешта – Во Унгарија се потврдени уште 476 случаи на коронавирус, а уште двајца починале од инфекцијата во последните 24 часа.
Пекинг – Кина регистрира седум нови случаи на Ковид-19, сите увезени или потврдени кај странски патници. Веќе 25 дена, Кина не регистрираше локално пренесување на заразата.
Мексико Сити – Мексико регистрира нови 6.647 случаи на коронавирус, а 611 лица починале.
Буенос Аирес – Во Аргентина се потврдени уште 12.259 случаи на зараза со коронавирус, што е најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти од почетокот на пандемијата. Во земјата се заразени вкупно 512.293 лица.
Рио де Женеиро – Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани 35.816 нови случаи на коронавирус, а повеќе од 1.000 лица починале, објави Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата, во Бразил се заразиле скоро 4,2 милиони луѓе.
Њу Делхи – Индија забележа уште едно рекордно зголемување на новозаразени со коронавирус, откако беа потврдени уште 95.735 случаи на инфекција во последните 24 часа. Според индиското Министерство за здравство, вкупниот број на заразени е 4.465.863, додека 75.062 лица починале од почетокот на пандемијата, од кои 1.172 починале во последните 24 часа.
Загреб – Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 291 новоинфицирани со коронавирусот и два смртни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Виена – Во Австрија продолжува трендот на драстичен раст на бројот на нови случаи на коронавирус, а по два дена вредности над 500, бројот на новозаразени скокна на 664 во последните 24 часа.
Москва – Во Русија се потврдени уште 5.363 случаи на коронавирус, што е најголем број на нови случаи од 3 август. Уште 128 лица починале од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи е 18.263.
Љубљана – Во Словенија, по рекордно големиот број нови случаи на коронавирус во вторникот, кога беа потврдени 79 новозаразени, денеска се регистрирани 77 случаи во последните 24 часа. ј