Над 190 милиони Индонезијци утре бираат нов претседател

Од:

За нов претседател на Индонезија, на изборите што ќе одржат утре, право да одлучуваат имаат 190,2 милиони гласачи. Оваа бројка, официјално потврдена од Централната изборна комисија, е за 2,43 милиони поголема од бројот на гласачите што имаа право на глас во парламентарните избори, одржани токму пред три месеци.

Се очекува мошне голема излезност на индонезиските гласачи, особено поради тоа што шансите на двајцата кандидати Јоко Видодо и Прабово Субианто се речиси изедначени.

Индонезиските медиуми пишуваат дека нацијата никогаш, по укинувањето на диктатурата на Сухарто во 1998 година, не била толку поделена.

Поради вжештената предизборна атмосфера, а особено дека, во случај на тесен резултат меѓу ривалите, може да дојде до судири меѓу приврзаниците на двајцата кандидати, на степен на зголемена готовност се полицијата и армијата во Индонезија. За одржување на мирот, само во главниот град Џакарта, ќе се грижат над 30.000 полицајци, а ако има потреба нив ќе им помагаат и војници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени