Над 155 загинати во поплави во Пакистан и во Авганистан

Од:

Најмалку 155 лица загинаа во поплавите предизвикани од поројните дождови што последните денови ги зафатија Пакистан и Авганистан.

Во Пакистан дождовите предизвикаа лизгање на земјиштето, а поради поплавите евакуирани се повеќе од 81.000 луѓе. Во последните четири денови во невремето загинаа најмалку 80 луѓе.

Пакистан за време на монсуската сезона, која обично трае во текот на јули и август, е зафатен од поплави.

Во 2010 година дури една петтина од територијата на Пакистан беше под вода, при што загинаа 1.700 лица, а најмалку 20 милиони беа погодени од поплавите.

Во соседен Авганистан во поројните дождови загинаа над 75 луѓе во пет провинции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Поплавена Токсикологија – пукнала цевка од парно

Анита Петровска Рајковиќ

Поплава во Дубаи – затворен аеродром поради рекордни врнежи

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани