Над 140 загинати при напад врз воена база во Либија

Од:

Најмалку 141 лице загинаа при напад врз либиска воена база во јужниот дел на земјата, соопшти синоќа портпаролот на Вооружените сили на Либија, маршал Халифа Хафтар.

Нападот врз воздухопловната база „Брал ал Шати“, што се наоѓа во пустинскиот регион на 650 километри јужно од Триполи, го извршиле припадници на група Трета сила, кој под своја контрола го држи градот Мисрата во западниот дел на Либија.

Хафтар информира дека најголемиот број од загинатите се припадници на либиската Армија. Тој нагласи дека поголемиот број од убиените војници бил егзекутирани, откако биле заробени од борците на Третата сила.

Меѓу убиените има и цивили кои работеле во базата, како и лица кои се нашле во реонот.

Групата Трета сила на почетокот учествуваше во либиската Влада на национално единство, но таа ја прекина соработката со властите откако беше сменет нејзиниот член, министерот за одбрана Ал Махди ал Баргати и беше формирана Анкетна комисија за истрага на злостоствата извршени од нејзините борци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски