Над 130 загинати во монсунските дождови во јужна Азија

Од:

Над 130 лица загинаа во природните несреќи во јужна Азија, предизвикани од монсунските дождови, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на властите во сите засегнати држави.

Поплавите и свлечиштата во Непал веќе го однесоа животот на најмалку 67 лица, а 30 се сметаат за исчезнати, покажуваат податоците на полицијата во оваа држава.

Најмалку 29 лица загинаа во последните пет-шест дена во Бангладеш. Од нив дури 18 биле погодени од гром, а седум се удавиле при превртување на нивните чамци во Бенгалскиот залив.

Десет лица починале во огромните бегалски кампови на муслиманските бегалци од етно-религиозното малцинство рохињи во југоисточен Бангладеш, каде невремето разурнало илјадници бараки.

Во пакистанскиот дел на Кашмир, во поплавите животот го загубиле 18 лица, а повеќе од 50 куќи се оштетени.

Во Индија, пак, вчера се урнала неколкукатна зграда поради постојаните врнежи во туристички популарниот северен планински регион Хималаји Прадеш. Во несреќата загинале 14 лица, од кои 13 биле војници, јавија локалните власти. Спасувачите и градежните машини се уште трагаат по преживеани под урнатините од зградата.

Монсунските дождови во периодот јуни-септември секоја година предизвикуваат смрт и разурнувања низ цела јужна Азија, а поројните дождови ги поткопуваат лошо изградените и лошо обезбедени згради, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе