Над 130.000 Курди од Сирија влегле во Турција во последните денови, бегајќи од офанзивата на џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во североисточниот дел на Сирија, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.
– Бројот на Сиријците надмина 130.000 лица, истакна Куртулмуш, додавајќи дека тој број може да се зголеми доколку продолжи офанзивата на сунитските екстремисти.
Турскиот вицепремиер нагласи дека властите ги преземаат „сите потребни мерки во случај да продолжи напливот на бегалци“.