Грчки спасувачки бродови и еден авион пристигнаа во близина на островот Гавдос, откако беше соопштено дека над 100 имигранти се наоѓаат во опасност на пловен објект.
Спасувачките екипи се испратени кон островот, кој се наоѓа јужно од средоземноморскиот остров Крит, откако бил добиен сигнал за тревога.
Засега нема податоци за националноста на имигрантите.
Голем број имигранти, кои главно бегаат од граѓанската војна во Сирија и Либија, се обидуваат нелегално да ги преминат границите на јужните европски земји, меѓу кои е и Грција.