Над 1.000 затвореници избегаа од затвор во Либија

Од:

Најмалку 1.000 затвореници избегаа од затвор во Бенгази, најголемиот град во Источна Либија, соопштија либиските безбедносни служби.

– Во затворот Ал Куфија избувна бунт, истовремено со напад од надвор. Избегаа најмалку 1.000 затвореници. Специјалните безбедносни сили побараа засилување. Сепак, тие добија наредба да не пукаат врз затворениците, изјави анонимен затворски службеник.

zatvorenici-libanski1

Според него меѓу затворениците имало и поврзани со поранешниот режим на Моамер Гадафи, но сепак најголемиот број затвореници биле осудени за помали криминални дела.

Неколку затвореници се фатени кратко време по бегството. Премиерот на Либија Али Зејдан го потврди инидентот, но не објави колку затвореници успеале да избегаат.

zatvorenici-libanski2

– Локалното население изврши напад бидејќи не сакаат затвор во близина на своите домови, изјави Зејдан нагласувајќи дека граничните пунктови се информирани за инцидентот и дека им е доставен список со имиња на бегалците.

Зејдан претходно изјави дека граничните премини со Египет се затворени со цел да се спречи бегство на убијците на истакнатиот либиски активист, адвокатот Абдесалем Месмари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски