Нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман, еден од архитектите на нацистичкиот Холокауст, барал да му биде поштеден животот, откако на судењето за воени злосторства во текот на Втората светска војна во Ерусалим е осуден на смрт.
Во писмото до тогашниот претседател Јицак Бен-Зви, Адолф Ајхман изјавува дека бил „само средство“ на нацистичките водачи одговорни за убиствата за шест милиони Евреи во Втората светска војна.
Поранешниот потполковник во злогласната нацистичка СС полиција својата молба за помилување ја напишал со сино пенкало два дена пред бесењето на 1-ви јуни 1962 година, писмото дури неодамна е пронајдено кога биле скенирани документи за потребите на создавањето на дигиталната архива, соопшти портпаролот на израелскиот претседател Реувен Ривлин,
Ривлин сака документот да биле изложен во израелскиот меморијален центар на жртвите на холокаустот „Јад Вашем“. „Писмото не е видено во јавноста откако било ставено во претседателските архиви“, изјави портпаролот на актуелниот израелски претседател.
Адолф Ото Ајхман се смета за еден од идејните творци на нацистичкиот план за „Конечното решение“ и ги надгледувал депортациите на Евреите во концентрационите логори на смртта. По војната побегнал во Аргентина, но агентите на израелската тајна служба Мосад во 1960 година го киднапирале и одвеле во Израел, каде што во мај 1962 година е осуден на смрт, и во јуни е егзекутиран.