Еврејската заедница ќе го одбележи Јом Хашоа – Националниот комеморативен ден на Израел

Од:

Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во земјава денеска во Меморијалниот центар на Холокаустот ќе го одбележат Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар) – Национален комеморативен ден на Израел, посветен на хероизмот во Варшавското гето.

На присутните, како што е најавено, ќе им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви, а ќе бидат запалени и шесте меморијални свеќи.

-Традиционално, секоја година на овој ден ја отвораме изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во училишниот награден конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Изложбата на тема „7144 згаснати ѕвезди во холокаустот“ ќе ја отвори Жаклина Мучева, најавуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

(ВИДЕО) 60 лица се уапсени откако толпа упадна на аеродром во Русија и бараa Евреи

Горан Наумовски

Десница: Длабока почит кон македонските Евреи

Ана Ололовска

Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска