Франција за безбедност во сообраќајот сака да ги резервира тротоарите само за пешаците

Од:

Националниот совет за безбедност на патиштата на Франција (ЦНСР) ќе препорача „законски да се дефинираат“ тротоарите како резервирани за пешаци, како одговор на ризикот од судир со велосипеди или тротинети, јави дописникот на МИА.

Помошникот за мобилност на патиштата Давид Белиард изјави дека препораката уследи откако во Париз достапни се 15.000 тротинети за самопослужување, го доведе во прашање нивниот „сооднос цена/корист“ и нивниот „еколошки трошок“.

Тој додаде дека 15.000 париски тротинети ќе бидат опремени со регистарска табличка, како во Гренобл или во Германија, со цел да и се помогне на полицијата подобро да ги открие прекршоците.

ЦНСР е тело формирано во 2001 година, а во 2008 година беше ставено во мирување, а повторно да биде активирано четири години подоцна. Советот е тело за консултации и предлози составено од 67 членови (избрани функционери, претставници на државата, здруженија, лекари, компании и други) се смета за „парламент за безбедност на патиштата“. ЦСНР ќе даде девет препораки до Владата, вклучувајќи ги и плановите бр. 7 за „правно дефинирање на тротоарот како дел од јавниот пат резервиран за сообраќај и користење од пешаци“. ЦНРС, исто така, сака да „прецизира дека тротоарот е физички одвоен од коловозот за да биде препознатлив и видлив за сите корисници“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт