Ризикот од катастрофател удар од астероид е поголем отколку што се мисли, тврдат научници и предупредуваат дека од 2000 до 2013 година Земјата ја погодиле 26 астероиди.
Во случај на голем удар, експлозивната сила би била помеѓу еден и 600 килотони ТНТ-а, а атомската бомба која што ја уништи Хирошима во 1945 година имаше сила од 15 килотони.
Организацијата „Б-612“ со седиште во Калифорнија предупредува дека Земјата постојано се судира со делови на астероиди. Но , за среќа, повеќето експлодираат високо во атмосферата, па штетата е мала.
-Бидејќи не знаме каде, ниту кога ќе се се случи идниот голем удар, кој може да уништи цел град, единствено што можеме е да се надеваме дека ќе имаме среќа-предупреди астронаутот Ед Лу.
Но организацијата „Б-612“ планира во Вселената да испрати инфрацрвен вселенски телескоп, со кој ќе може да се откријат околу 500.000 астероиди, кои поминуваат во близина на Земјата.
Телескопот ќе може да го идентификува патот на астероидот, во текот на шест ипол години, колку што може да работи. Лансирањето на телескопот на ракетата „Фалкон 9“ е планирано за 2018 година.
Е. Г.