Научниците од Универзитетот во Потсдам, Германија тврдат дека глобалното затоплување би можело да предизвика топење на нестабилните ледени површини што би довело до подигнување на нивото на водата на морињата и океаните за четири метри.
Наводно, огромен дел од источниот Антарктик е далеку поосетлив на глобалното затоплување отколку што до сега се мислеше – така покажуваат нивните истражувања.
Таканаречениот Вилксов басен, кој се наоѓа во овој дел од ледениот континент има доволно мраз што би можел да го подигне нивото на сите мориња на светот за дури четири метри, а до ова ќе дојде доколку почне неконтролирано да се одронува мразот во морињата.