На Шри Ланка уапсени 13 осомничени лица за нападите

Од:

Полицијата уапси 13 луѓе под сомнение дека се поврзани со вчерашните терористички напади на Шри Ланка, изјави синоќа министерот за одбрана Руван Вијеварден.

Тој додаде дека при самоубиствените напади врз цркви и хотели загинаа над 200 луѓе, а стотина беа повредени.

Се уште никој не презеде одговорност за нападите.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремешинг наведе дека нападите би можеле да предизвикаат нестабилност во земјата. Тој истакна дека Владата ќе ги искористи сите можни овластувања да дејствува против одговорните за нападите.

Надбискупот на Шри Ланка, кардинал Малком Ранџит побара од Владата „без милост“ да ги казни одговорните за нападите, додавајќи оти „само животните можат вака да се однесуваат“.

Вчерашниот напад на Шри Ланка беше најголем уште од 26-годишната граѓанска војна, кога бунтовничката група Тамилски тигри извршуваше голем број бомбашки напади за независна тамилска држава во северниот дел на Шри Ланка.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска