На протестите во Москва 50.000 лица побараа слободни избори

Од:

Околу 50.000 лица се собраа на вчерашните протести во Москва против исклучувањето на независни кандидати од локалните избори во септември.

Дозволениот собир беше ограничен на една московска авенија и мина без инцидентити. Стотици демонстранти сакаа да го продолжат протестот пред зградата на претседателската администрација, но близу беа распоредени бројни полициски сили, пренесува Хина.

Московската полиција соопшти дека на протестите се приведени 136 лица поради кршење на законот. Независни набљудувачи соопштија дека полицијата привела над 250 лица.

Невладината организација Комјутер Бланк, која се занимава со проценка на бројот на учесници на собири соопшти дека биле присутни 49.900 лица, додека руската полиција тврди дека биле 20.000.

Протестите се одвиваат со цел да извршат притисок врз властите да дозволат исклучените независни кандидати да учествуваат на изборите за Собранието на град Москва, закажани за 8 септември. Од учество на изборите досега за елиминирани 39 независни кандидати поради прекршување на процедурата.
Централната изборна комисија на Русија соопшти дека ќе преконтролира од која причина се симнати од листата
независните кандидати, предложени од непарламентарната опозиција. Тоа значи дека ќе се проверува автентичноста на потписите на граѓаните, кои во постапката на предлагање поддржале одредени личности. Обвинителството спроведува истрага за да утврди дали на тие списоци на поддршка се измислени личности или се навистина граѓани на Москва.

Би можело да ве интересира

Москва: Пресудата против Додик ќе има катастрофални последици за ситуацијата во Босна и Херцеговина и целиот регион

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД