На протестите против Бабиш во Прага излегоа 120.000 луѓе

Од:

Десетици илјади Чеси синоќа протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш поради наводен судир на интереси кој ја вклучува неговата поранешна деловна империја и истрага за десетгодишна субвенција од ЕУ.

Организаторите на протестот соопштија дека во него учествувале околу 120.000 граѓани кои се собрaа на централниот плоштад во Прага, што се смета за најголем протест од “кадифената револуција“ во 1989 година, со која беше ставен крај на ерата на комунизмот.

Протестите против Бабиш се одржуваат од крајот на април и од тогаш станаа се помасовни, а почнаа откако чешката полиција ја заврши истрагата за тоа дали тој примил субвенција од два милиони евра од ЕУ за фарма и конгресен центар и препорача дека треба да му се суди.

Учесниците во протестите стравуваат дека неодамна именуваната министерка за правда Марија Бенешова би можела да е вмешана во случајот.

Бабиш е втор најбогат Чех, чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски