На брегот на Либија, 160 километри источно од Триполи, најдени се 29 тела, најверојатно на бегалци, соопшти организацијата Црвена полумесечина.
-Локални жители не информираа за телата на брегот во околината на Злитен. Прво откривме 25, а пота уште четири тела, изјави портпаролот на споменатата организација, Мохамед ал-Мисрати.
Тој додаде дека денеска се очекува да бидат пронајдени уште тела, пренесуваат француските медиуми.
Според информации на властите во Триполи, станува збор за тела на „луѓе од Африка“.
Либија, со 1.770 километри лошо надгледуван брег, претставува омилена појдовна точка на бегалците од африканските земји кои се обидуваат да стигнат до Европа, најчесто до италијанскиот остров Лампедуза, од кој е одалечена само 300 километри.