На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

Од:

Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс боледува од рак.

„За време на неодамнешната операција на кралот за зголемена простата, воочен беше проблем кој предизвикува загриженост. Дополнителните дијагностички тестови открија дека тој има рак. Неговото височество започна со лекување денес и беше советуван од лекарите да ги одложи претходно договорените ангажмани“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека во меѓувреме ќе продолжи да се занимава со документација и слични активности.

„Кралот е благодарен на својот лекарски тим за брзата интервенција, што беше овозможена благодарение на неговата неодамнешна операција. Тој останува целосно позитивен во однос на неговото лекување и со нетрпение очекува да се врати на јавната должност што е можно поскоро“, се додава.

Тие напишаа и дека кралот Чарлс одлучил да ја објави својата дијагноза за да спречи шпекулации. Тој се надева дека ова ќе помогне во ширењето на јавната свест за ракот.

Би можело да ве интересира

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Анкета: 51 отсто од Британците се против владата да го финансира крунисувањето на кралот Чарлс

Ана Ололовска

Бајден разговараше со кралот Чарлс Трети

Ана Ололовска

Кралот Чарлс Трети е седмиот британски монарх на поштенски марки, прв без круна

Ана Ололовска

Чарлс и Вилијам немаат коментар за книгата на Хари