Учесник во исламистички форуми на интернет, наведува дека алжирскиот командант на Ал Каеда, Мохтар Белмохтар за кого беше соопштено дека е убиен од армијата на Чад, е жив.
Според американскиот Институт за следење онлајн дејности на терористички органзиации, неидентификуван учесник напишал на неколку форуми дека Белмохтар е „жив и лично предводи битки“.
Во пораките се додава дека тој наскоро ќе објави соопштение дека е неповреден, јави БТА пренесувајќи извештаи на западни медиуми.
Во саботата Чад соопшти дека негови војници го убиле Белмохтар во истиот регион на Мали каде претходно беше убиен друг висок командир на Ал Каеда, Абдулхамид Абу Зеид.