На Флорида уапсени двајца бизнисмени за прекршување на правилата за финансирање на изборна кампања

Од:

Двајца бизнисмени од Флорида, кои имале тесни врски со Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, се уапсени заради прекршување на правилата за финансирање на кампања, што резултатирало со донација од 325.000 долари до Одборот за политичка акција, што го поддржува реизборот на Трамп.

Лев Парнас и Игор Фруман се уапсени врз основа на четири точки од обвинение што вклучува обвинувања за ковање заговор, давање лажни изјави пред Сојузната изборна комисија и фалсификување на евиденција, пренесуваат американските медиуми.

Податоците покажуваат дека двајцата користеле електронски трансфери на правно лице, што тие го контролирале за да дадат донација од 325.000 долари во Сојузната изборна комисија.

Според обезбдените податоци што станале јавни во рамки на поднесеното обвинение, правното лице за кое било пријавено дека ја направило трансакцијата всушност не било вистинскиот извор на парите.

Би можело да ве интересира

САД: Федералната Влада засега нема да преземе контрола врз Националната гарда

Ана Ололовска

Пет финансиски гиганти во САД купија злато за две милијарди долари

Ана Ололовска

АНАЛИЗА: Демонстрантите кои бараа „правда“ за Флојд станаа хулигани кои ограбуваат продавници и шират насилство

Горјан Грнчаровски

ЕУ до САД: Преиспитајте ја одлуката за повлекување од СЗО

А1он

Меркел ја одби поканата на Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7

Ана Ололовска

Куомо: Градот Њујорк ќе почне да се отвора од 8 јуни

Ана Ололовска