Корасон Солиман, секретарка за социјална заштита на Филипини, признала дека владата поради посетата на Римокатоличкиот поглавар папа Франсис привремено сместила бездомници во едно скапо летувалиште на крајот од градот Манила, пренесе „ BBC“.
Таа наведе дека од улиците на главниот филипински град се отстранети околу 500 бездомници, додека Тери Ридон пратеник од Претставничкиот дом, побара започнување на истрага, наведувајќи дека операцијата на Владата од Манила може да претставува „операција на чистење“.
Според него „шемата за преселба“ на бездомниците е навистина ужасна, имајќи го во предвид фактот дека папа Франсис, ги посетил Филипини за да ги види и да разговара со сиромашните.
Солиман во неколку интервјуа оваа недела рече дека бездомниците се тргнати од улиците за кратко време, откако папата пристигнал во државата и дека многумина од нив живеат долж морскиот ѕид во заливот Манила.
Инаку бездомниците ноќта пред доаѓањето на папа Франсис биле однесени во хотел „Шато Ројал“ каде што едно ноќевање чини стотина долари, а на улиците на Манила се вратени откако папата во понеделник ги напушти Филипини.
Солиман навела дека бездомниците привремно се наоѓаат во зградите на владата во Манила, бранејќи го потегот на владата со образложение дека сакале да ги заштитат бездомниците од големата гужва и криминалните банди во тек на посетата на папа Франсис.
Е. Г.