На донаторска конференција на ОН за Авганистан ветени една милијарда долари

Од:

ОН денеска во Женева е домаќин на донаторска конференција на која се надеваше дека ќе собере 606 милиони долари (513 милиони евра) потребни до декември за одржување на програмите за помош во Авганистан.

До крајот на попладнето, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш информира дека донаторите ветиле повеќе од милијарда долари.

– Оваа конференција целосно ги исполни моите очекувања во врска со солидарноста со народот во Авганистан, рече Гутереш.

Од распадот на авганистанската влада поддржана од Западот и преземањето од страна на талибанците во август годинава, Авганистан е на работ на растечка хуманитарна криза.

Многу земји подготвени да дадат помош изразија загриженоста за начинот на кој талибанците ќе ги трошат тие средства.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата